„Ер Србија“ објави дека денеска се очекуваат одредени отстапувања од планираниот распоред на летови, бидејќи глобалните технолошки софтверски проблеми што ги зафатија авиокомпаниите, банките и медиумите ширум светот се одразиле и на работата на одредени аеродроми до кои лета „Ер Србија“.
Во моментов, од дестинациите во мрежата на Ер Србија, сообраќајот е особено отежнат на одредени аеродроми во Шпанија, како и во Берлин, Амстердам и Цирих.
Како последица на тоа, може да има доцнења на фази и дополнително негативно влијание врз нормалното одвивање на сообраќајот, велат од „Ер Србија“ и додаваат дека, на пример, аеродромот во Цирих денеска е затворен до 20 часот по локално време.
Ер Србија им се извинува на патниците за најавените отстапувања од планираниот ред на летање, кои настануваат поради околности надвор од контрола на српската национална авиокомпанија.
Сите патници кои може да ги загубат врските ќе бидат пренасочени на алтернативни летови.
Надлежните служби на Ер Србија преземаат се што е во нивна моќ да ја зачуваат регуларноста на сообраќајот, согласно планираниот распоред на летови.
За повеќе информации, патниците можат да се обратат во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, на +381 11 311 21 23 од странство, да ги посетат airserbia.com или страниците на Ер Србија на социјалните мрежи, се вели во соопштението.
Проблеми и прекини во ИТ мрежите денеска се пријавени низ целиот свет, вклучувајќи ги банките, телекомуникациските компании, медиумите и авиокомпаниите.