Возачот на запалениот автобус од ЈСП заврши на Токсикологија

0
80

Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Транспортен центар – Скопје настанал пожар во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП Скопје, соопшти МВР.

Во пожарот возачот А.С.(58) од Скопје вдишал чад, по што бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.