Во противпожарна акција тешко повреден командирот на штипските пожаникари

0
83

Во акција за гаснње пожар во старата штипска депонија, тешко бил повреден командирот на штипските пожарникари Благој Ренџов, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На Ренџов му се скршени и двете раце.
„Брзајќи да спречи проширување на пожарот преку тревата кон блиската борова шума, командирот на штипските пожарникари Благој Ренџов паднал низ карпест дол, кршејќи ги двете раце“, информира од ЦУК.
✏
Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелот, од денеска пожарите постепено се ставаат под контрола и попладнево на 23 јули има само 5 активни пожари. Според него, најкритично е во општина Македонски Брод, каде пожарот се движи кон Јасен и било дејствувано со неколку воздухоплови.
ЦУК