МВР влезе во Академијата за судии и јавни обвинители, се одземаат досиеја на судии, компјутери, мобилни телефони

МВР во Академијата за судии и обвинители постапува по наредба на јавен обвинител од ОЈО ГОК информираат од МВР.

„МВР – Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители. Дејствијата се во тек – соопштуваат од МВР.