Пожар избувна во новиот трговски центар „Блис“ во Битола, кој треба да биде отворен на 5. август. Причините за пожарот се непознати, а во неговото гасење учествувале и противпожарни екипи од РЕК БИтола, пренесува ТВ 21.
Трговскиот центар е во завршна фаза. Предвидено е да има познати брендови. Не е јасно дали овој пожар ќе го помести отворањето.