Новак Ѓоковиќ стана олимписки шампион во тенис

Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион во тенис. Најдобриот во историјата, во спектакуларен меч го победи Карлос Алкараз по безмалку три часа игра со 7:6 (7:3), 7:6 (7:2).

Ѓоковиќ стана вториот тенисер, по Андре Агаси, кој во кариерата ги освоил сите големи тениски титули, сите четири гренслема, финалните мастерси, Дејвис купот и олимпиското злато во сингл.

Неверојатната борба на теренот, против 17 години помладиот противник, Ѓоковиќ ја реши онаму каде што е најсилен, во тај-брејкот.

Во двата сета, во 13.игри, Србинот апсолутно доминираше, особено импресивен беше во вториот сел кога по 2:2 ги освои наредните пет поени.

На крајот емотивно во солзи ја прослави победата.

reporter.mk