Џастин Бест има двоен повод за славење. Успешниот спортист со својот тим освои злато на Олимписките игри, а потоа ѝ предложи брак на саканата и го доби најубавиот одговор.
Среќниот Американец ја запроси девојката Лејни Данкан во емисија во живо во Париз, додека во позадина се гледаше Ајфеловата кула.
Тој клекна на едно колено и со романтичен говор го стопи срцето на љубовта на неговиот живот.
„Лејни Оливија Данкан, ти си љубовта на мојот живот. Ти си неверојатно убава, жестоко интелигентна. Не познавам некој кој не те сака. Ова ќе биде најлесното прашање во мојот живот. Сакам да го поминам остатокот од мојот живот со тебе и заедно да основаме семејство. Лејни, дали ќе се омажиш за мене?“ – ѝ рече Џастин.
На ова, среќничката одговори „ДА“.
femina.mk