(ФОТО) Тошковски: Три лица уапсени во Скопје поради подметнување пожар во село Патишка река

0
94

Три лица се уапсени во Скопје под сомнение дека предизвикале пожар во село Патишка Река. Осомничените во моментов се приведени, а во тек е правна постапка.

Денеска околу 13 часот од страна на полициски службеници од ЕВР Кисела Вода при СВР Скопје, на место викано „Дупки“ во с.Патишка река, скопско, биле лишени од слобода С.А. (59), А.А. (31) и И.А. (25) од Скопје поради основано сомнение дека предизвикале пожар.

Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.