Кошаркарите на Србија ја совладаа Германија и го освоија третото место на Олимпијадата во Париз

0
89

Српските кошаркари убедливо го совладаа тимот на Германија со резултат 93:83 и го освоија бронзениот медал на Олимписките игри во Париз, јавува Анадолу.

Два дена по поразот од САД во возбудлив натпревар од полуфиналето на олимпискиот турнир, избраниците на српскиот селектор Светислав Пешиќ во Акор Арената успеаја да ги консолидираат силите и без голема неизвесност да ја совладаат Германија во борбата за бронзениот медал.

Србија веќе во првата четвртина поведе со 30:21 и ја одржуваше предноста до крајот на мечот, не дозволувајќи и на Германија да ја загрози нејзината победа.

Најдобар поединец во редовите на Србија денеска беше Никола Јокиќ со 19 поени, 12 скока и 11 асистенции. Одличен беше и Василије Мициќ со 19 поени, и со два скока и две асистенции.

Во редовите на Германија најдобар беше капитенот Франц Вагнер со 18 поени, девет скока и четири асистенции.

Кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз завршува вечерва со финалниот дуел меѓу САД и Франција.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.