Денеска сончев и топол неделн ден со температури до 39 степени Целзиусови

0
58

Почитувани, најсвежо ова утро беше во Лазарополе и во Берово со измерени 12 степени, а најтопло со измерени 22 степени беше во Гевгелија. Во Скопје ова утро температурата изнесуваше 21 степен.

Во продолжение на картата погледнете ги и останатите температури измерени по градови и места низ државава ова неделно утро

Денес (недела) денот ќе биде стабилен, сув, сончев и многу топол со максимални температури кои насекаде ќе надминуваат 30 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 39 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до 38 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

meteoalarm.mk