Дигиталната трансформација на услугите и процесите во сите министерства, институции е еден од главните столбови на владината програма

Дигиталната трансформација на услугите и процесите во сите министерства, институции е еден од главните столбови на владината програма. Како министерство силно сме фокусирани на подобрување на постојаните и креирање нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, преку кои граѓаните брзо ќе доаѓаат до информацијата или документот кој им е потребен без да мораат да го губат своето слободно време чекајќи пред шалтерите на МВР или било која друга институција.
На националниот портал https://uslugi.gov.mk/ се достапни голем број од услугите кои се потребни на граѓаните.
Една од најчесто бараните услуги на шалтерите на МВР е барањето за Уверение за државјанство. Преку овој портал оваа услуга можете да ја добиете во неколку кликови и онлајн без да мора да одите на шалтер на МВР. Нема гужви, се е брзо и ефикасно, работата се завршува во неколку чекори, во неколку кликови.
Како МВР, работиме на креирање и на многу други услуги кои граѓаните ќе можат да ги користат дигитално, избегнувајќи ги гужвите и чекањето пред шалтер.
На следниот линк информирајте се како чекор по чекор во неколку кликови може да извадите Уверение за државјанство онлајн, брзо и едноставно.