Почина кошаркарскиот тренер Лазар Лечиќ

Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите кошаркарски имиња во историјата на Македонија, почина синоќа на 85-годишна возраст. Лечиќ беше истакнат и почитуван тренер во поранешна Југославија, оставајќи неизбришлива трага со поставување на кошаркарските темели од осамостојувањето на Македонија.

Кариерата ја започна во екипата на Работнички, а потоа, во неколку наврати, беше и нејзин тренер. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1978 година.

Работеше и во МЗТ Скопје, во Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, во Олимпија Љубљана, во Војводина, во Арис.

Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула. Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.

Погребот на Лечиќ ќе се одржи утре, 14 август на гробиштата Бутел во Скопје.

 

slobodnaevropa.mk