Основачот на WhatsApp пристигна во Хрватска со луксузна јахта вредна 200 милиони долари

Јан Кум, милијардер и основач на WhatsApp пристигна во Хрватска. Неговата суперјахта долга 100 метри е снимена меѓу островите Лопуд и Шипан, пишува Дубровник Тајмс.

Кум, чие богатство се проценува на 13 милијарди долари, ужива на јахта вредна 200 милиони долари или 182 милиони евра.

Луксузната јахта е опремена со џакузи и хелиодром и може да прими 15 гости во осум кабини. Покрај јахтата, милијардерот поседува и приватен авион и други луксузни имоти.

Oва не е првпат Кум да ужива во Хрватска. Пред три години во Вир дојде со три луксузни мегајахти, а најскапата Moonrise вреди 220 милиони долари.

 

reporter.mk