За време на овој викенд уживајте во сончевото и топло време, сепак наутро ќе биде релативно свежо

Почитувани мои, за време на викендот кој полека ни доаѓа, во Македонија времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Ќе има и појава на умерена локална облачност, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Сепак, во попладневните часови, и тоа во недела ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Наутро ќе биде свежо, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните температури на воздухот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро температурата ќе се спушта до околу 19 степени, додека преку ден таа ќе се искачи до околу 37 степени, стои во најновата анализа од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk