Земјотрес од 4,3 степени го погоди познатото летувалиште на Халкидики

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди областа на 26 километри североисточно од Сарти, популарна туристичка точка на Халкидики, јавува Европскиот медитерански сеизмолошки институт.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.