Изминатата ноќ небесен спекакл го осветли небото над Македонија, забележани повеќе метеори

Вчера вечерта метеорски дожд беше забележан над целиот Балкан, вклучувајќи го и небото над Македонија.

Според информациите од Охридската астрономска асоцијација, во периодот од 19 до 21 часот вчера биле забележани повеќе метеори, или како што ги нарекуваат, огнени топки.

Овој небесен спектакл не само што го осветли небото над Македонија, туку беше видлив и во други земји како Хрватска, Бугарија, и Романија, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk