Објавено е новото академско рангирање на светските универзитети за 2024 година познато како Шангајската листа („ShanghaiRanking Consultancy“). И оваа година ниту еден македонски универзитет не се најде на оваа престижна листа со што се потврди катастрофалната состојба во која се наоѓа високото образование во Македонија.
Од регионот најдобро котира универзитетот во Белград каде се најде на позиција помеѓу 401-500 место, Универзитетот во Нови Сад се задржа на позиција помеѓу 901. и 1.000. место.
На позиција помеѓу 401-500. место се најде Универзитетот во Загреб, а Универзитетот во Љубљана помеѓу 501-600. место. Истовремено, на листата оваа година се најдоа шест грчки универзитети.
Освен македонски, на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Бугарија и Албанија.
Шангајската листа се објавува од јуни 2003 година. Повеќе од 2.500 универзитети се вклучени во Академското рангирање на универзитетите во светот секоја година, а се објавуваат најдобрите 1.000.
skopjeinfo.mk