Вчера ( 26.08.2024) во 12.45 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Р.Х.(27) од Кичево. Тој се сомничи дека претходно, во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево. По целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Антициклонот над Македонија останува и за време на овој викенд!
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), и за време на овој викенд времето во Македонија ќе се задржи, стабилно,…
Пријавена за исчезната македонката Наташа во Германија
Наташа Соврановски (25), родум од Македонија, исчезнала во Германија. Апелот е испратен од семејството кое бара какви било информации за…
Денес во Македонија сончево со мала облачност, максимални 11 степени
Наутро студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална…