Ракот е патување во кое патуваш сам – времето ти е најголемиот непријател, емотивна објава на Весна Бејби

„Почеток“ – ова е насловот на последната објава на македонската глумица Весна Петрушевска. Во неа таа говори за борба со ракот.

„Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лeкот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како и што се раѓаме сами и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател.“, напиша таа на својот инстаграм профил.

Нејзината објава загрижи многумина, а пријателите и публиката преку коментари даваат поддршка за „битката“ која според нејзината објава, таа сега ја води.

skopjeinfo.mk