Силвио Мировски стана светски јуниорски шампион во кик-бокс

0
38

Македонија оствари уште еден успех на Светското првенство во кик-бокс за кадети и јуниори, каде што Силвио Мировски го освои златниот медал во конкуренција на постари јуниори во категорија до 71 килограм.

Мировски во полуфиналето славеше против Бугаринот Атанас Димов, а потоа беше подобар и од Иван Бородатји од Украина за да стане светски јуниорски шампион во кик-бокс.

Вчера голем успех постави и македонската натпреварувачка Марија Димовска која се закити со златниот медал.

Sport1.mk