„Вчера во 14.50 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода К.А.Ј.Б.(49) од Шведска, поради тоа што при извршени проверки во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило марка порше каен, со шведски национални ознаки, кое тој го управувал, а било сопственост на лизинг компанија, било предмет на потрага од Интерпол – Шведска. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка“, се вели во полицискиот билтен.
Related Posts
Собранието не ја прифати интерпелацијата за Африм Гаши
Со 21 гласа „за“ и 72 „против“, без ниту еден воздржан, Собранието не ја прифати интерпелацијата за претседателот на законодавниот…
ОЈО: Скопјанка осомничена за измама, за пари се претставувала како референт во МЗШВ
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело – Измама од член…
МНР – 20 македонски државјани го напуштија Израел, се проценува дека има меѓу 100 и 200
Дваесет македонски државјани кои побарале асистенција за нивна евакуација од Израел, безбедно ја напуштиле земјата и се на пат кон…