Првиот голем бран на врнежи пристигнува вечерва, се очекуваат обилни врнежи дожд, грмежи и локално невреме

Почитувани, првиот бран на врнежи и тоа поврзан со Средоземниот циклон, кој полека ќе се преместува над Јадранот, ни пристигнуваат денес попладне и навечер, како и утре (вторник). Врнежи од дожд ќе има насекаде во Македонија, локално проследени со грмежи и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен правец, а утре (вторник) од северен правец.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопскиот регион денес попладне  и навечер, како и утре (вторник) ќе започнат врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за појава на невреме.

Апелираме во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено утре (вторник) кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Да напоменам дела за време на овој прв бран на врнежи, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2), најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk