Грчкиот премиер, Киријакос Митотакис, најави дека Грција ќе воведе данок од 20 евра за посетителите од туристичките бродови кои пловат кон островите Санторини и Миконос за време на летната сезона, во обид да го спречи прекумерниот туризам.
Грција во голема мера се потпира на туризмот, главниот двигател на економијата на земјата, која сè уште се опоравува од децениската длабока економска криза која збриша четвртина од нејзиниот бруто домашен производ.
Сепак, некои од нејзините најпопуларни дестинации, како што е Санторини, идиличен остров кој поседува шармантни села и плажи со 20.000 постојани жители, се изложени на ризик да бидат уништени од масовниот туризам.
На прес-конференцијата, при претставувањето на неговите главни економски политики за 2025 година, Микотакис објасни дека преголемиот туризам е проблем само за неколку дестинации.
Грција нема структурен проблем со прекумерниот туризам. Некои од нејзините дестинации имаат голем проблем во одредени седмици или месеци од годината, со кои треба да се справиме. Крузерите ги оптоварија Санторини и Миконос и затоа интервенираме“, додаде Мицотакис објавувајќи го воведувањето на таксата.
Во Санторини, демонстранти повикаа на ограничување на туризмот, како што е случај во другите популарни дестинации за одмор во Европа, вклучувајќи ги Венеција и Барселона.
Владата, исто така, планира да го регулира бројот на бродовите за крстосување кои пристигнуваат на одредени дестинации во исто време, додека на островите мора да се воведат правила кои ќе ја заштитат животната средина и ќе го решат проблемот со недостигот на вода, посочи Мицотакис.
Грција сака да го зголеми и данокот за краткорочни изнајмувања и да забрани нови лиценци за такви изнајмувања во центарот на Атина за да го зголеми бројот станбени единици кои ќе бидат пристапни за постојаните жители, како што тоа го најавија градските власти на каталонската престолнина Барселона.