Радев пред средбата со Давкова во Софија: Очекуваме нашиот сосед да ја напушти предизборната реторика и да се врати во реалноста

0
29

Румен Радев, бугарскиот претседател денеска треба да има средба со Гордана Силјановска-Давкова во Софија.

Тој порача Владата на Северна Македонија да ги исполни сите обврски кон Бугарија и кон ЕУ, и да ја напушти предизборната реторика, објави ТВ 21.

„Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекува овој дијалог не само да помогне во нашето културно зближување и да даде поттик на економската соработка, туку и да отвори дијалог за конечно решавање на отворените прашања меѓу нас“, рече Радев и додаде:

„Владата на Република Северна Македонија се уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат во реалноста. Нашите односи ќе се засноваат на склучените договори. Очекуваме Северна Македонија да ги исполни сите свои обврски – и кон нас и кон Европската Унија. Ние строго го следиме протоколот, на ред сум сега јас да дојдам во официјална посета на Македонија“, рече Радев во врска со денешната посета на Силјановска-Давкова, која е најавена како неофицијална.

 

извор: ТВ 21.