Путин вели дека Западот директно ќе се бори со Русија ако Киев почне да користи ракети со долг дострел

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот директно ќе се спротивстави на Русија доколку и дозволи на Украина да започне да ја напаѓа руската територија со оружје со долг дострел, потег што би ја променил природата и обемот на конфликтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бара од западните сојузници да и дозволат на Украина да користи западно оружје, вклучително и американски ракети со долг дострел ATACMS и британски Storm Shadows, за да погоди цели длабоко на руска територија.

„Ова не е прашање дали да се дозволи или не на украинскиот режим да ја нападне Русија со ова оружје. Прашање е дали земјите од НАТО се директно вклучени во воен конфликт или не“, изјави Путин за руската државна телевизија.

„Доколку се донесе таква одлука, тоа нема да значи ништо друго освен директно вклучување на НАТО, САД и европските земји во војната во Украина. Тоа ќе биде нивно директно вклучување и, се разбира, значително ќе ја промени суштината, самата природата на конфликтот“, додаде Путин.

 

slobodnaevropa.mk