Денешното утро донесе температура од само 2 степени, и тоа на Попова Шапка, каде во текот на ноќта провеа и првиот снег за оваа сезона. На високите предели од Шар Планина ова утро беше формирана и снежна покривка, а тоа можеше да се забележи од камерите на Ski Macedonia.
Од градовите најстудено ова утро беше во Крушево, каде во 8 часот утринава беше измерена температура од само 6 степени.