Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди Романија

Околу 17:40 часот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јави ЕМСЦ.

Земјотресот се случил на 62 километри северозападно од Бузау и на длабочина од 137 километри под епицентарот во близина на Бузау.

Сеизмичките прелиминарни податоци покажуваат дека земјотресот не требало да предизвика значителна штета, но веројатно многумина го почувствувале како лесна вибрација во подрачјето на епицентарот.