Малолетник заврши во Клиничкиот центар со тешки повреди здобиени од нож – бил нападнат во близина на училиште

0
39

Малолетник вчеравечер заврши во Клиничкиот центар во Скопје со тешки повреди здобиени од нож. Тој бил нападнат во близина на скопско училиште од толпа врсници. Полицијата работи на случајот.

Вчера пријавено е дека во близина на училиште во Скопје малолетник од Скопје бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.