Спречен атентат на Нетанјаху, требало да го изведе израелски бизнисмен?

Израелски бизнисмен е обвинет за заговор за атентат врз израелскиот премиер Нетанјаху. Според информациите, зад атентатот кој требал да се случи стои Иран.

Израелските безбедносни служби уапсија израелски државјанин под сомнение за вмешаност во заговор за атентат поддржан од Иран. Сомнението е насочено против високи Израелци, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесе Ројтерс.

Состојбата на Блискиот Исток на раб на есакалација.

Безбедносните служби известија дека уапсениот е бизнисмен со врски со Турција. Тој учествуваше на најмалку два состаноци во Иран на кои се разговараше за можното убиство на премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и шефот на разузнавачката агенција Шин Бет.

Минатата недела, Шин Бет откри заговор на либанската група Хезболах за атентат на поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија и поранешен министер за одбрана Моше Јаалон.

Во меѓувреме, во Газа продолжува притисокот и борбите против Хамас. Во екот на војната, Палестинците и натаму се борат да добијат соодветен пристап до храна и чиста вода.

извор: Лидер