Денес календарски и официјално започнува Есента!

0
11

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Есента ќе трае до 22 декември кога календарски ни започнува зимата.

На првиот есенски ден времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 26 степени.

Уживајте во денешниот стабилен, сув и релативно топол прв есенски ден, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk