Во Корча изложба на познатиот Македонски зограф „Иконите на Дичо Зограф, збирка на Националниот историски музеј“

0
18

Во неделата на Европските денови на културното наследство, темата за 2024 година „Патишта, мрежи и врски“ е најдобро претставена во активноста организирана помеѓу Националниот историски музеј и Националниот музеј на средновековна уметност од Корча каде културно наследство ја покажува длабоката поврзаност меѓу народите, културите и правилно промовира мрежи и заеднички патувања на заеднички вредности низ вековите, како што се оние меѓу Албанија и Македонија.

Изложбата со наслов „Иконите на Дичо Зограф, збирка на Националниот историски музеј“ во Националниот музеј на средновековна уметност во Корча на 27 септември 18:00 часот во соработка со Министерство за економија, култура и иновации, Музејот на средновековна уметност, Националниот историски музеј.

Дичо Зограф, уметник, чудотворец, најпознат македонски зограф и претставници на Мијачката школа мајстор на иконописот, автор чии импресивни дела ќе станат парадигма за генерации зографи на пошироките балкански простори. Веројатно и ова не е доволно за да се искаже големината на Димитрија Крстев(ич), познат како Дичо Зографот, човекот кој направи пресврт на еден илјадагодишен период и означи почеток на сосема нов правец во историјата на македонската црковна уметност.

Дичо е роден во Тресонче, 1819 година. Во маалото Лековци. Таму и пораснал. Се оженил на дваесет години, на 1 јули 1839 година, како што самиот забележал во стариот зографски прирачник т.н. ерминија. Имал седум синови и една ќерка. Малку пишани белешки има за неговата биографија. Се знае дека бил исклучително образован и дел од од тогашната интелектуална елита. Добро ги владеел книжевниот грчки и старословенски црковен јазик, како и духовните прашања. Интересот за користење книги од богословската литература, на графички изданија и на старите ракописи само ја заокружува неговата комплексна личност, наведува академик Грозданов.

Таткото на Дичо, Крсте Перков, бил зограф, но повеќе резбар и копаничар. Се смета дека тој го вовлекол синот во занаетот. Веднаш откако потпораснал, Крсте го земал Дичо во својата копаничарска група, но тој, сепак, поголем интерес покажал за зографството.

Според писанијата и она што го знаат потомците, основите на зографскиот занает Дичо ги совладал во манастирот „Св Јован Бигорски“. Најмногу научил од мајсторот Михаил кој со својот син Димитрија (подоцна замонашен како Даниил) дошол од Самарина (Епир). Стекнатото искуство кај овие двајца зографи, Дичо го надградил, а потоа и го развил својот препознатлив стил.

Дела на Дичо Зограф има и во областа Голо Брдо, од 1853 година се двете скоро идентификувани Дичови дела: иконата со Богородица од црквата Св. Ѓорѓија во с. Врница, областа Голо Брдо.

vesnik-ilinden.com