11-месечни сијамски близначки успешно раздвоени во Турција по 14-часовна операција

0
14

Сијамски близначки добија шанса за нормален живот откако беа успешно раздвоени од доктори во Турција.

11-месечните Мирха и Минал од Пакистан се родија споени со главите. Не можејќи да најдат соодветен третман во татковината, родителите побарале помош од Турција, а нивниот апел го привлече вниманието и на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Предводени од педијатрискиот неврохирург од Англија, Овасе Џилани, како и од турските доктори Харун Демирџи и Хасан Мурат Ергани, тим од 60 медицински професионалци успешно ги одвои сестричките.

Операцијата траела 14 часа, а во неа учествувале доктори од повеќе држави.

femina.mk