Рано утринава територијата на Македонија подпадна под влијание на значително постудена воздушна маса која нагло ги спушти температурите за 10 до 15 степени, а сето ова беше проследено и со засилен до повремено силен северен ветер, кој најизразен беше Долж Повардарието. На највисоките предели од Шар Планина провеа и малку снег.
На картата можете да ги погледнете измерените температурите рано утринава во 4 и 30 часот низ Македонија. Најстудено беше во Лазарополе со 1 степен, пишува во својата метео анализа, метеопрогнозерот Славчо Попоски.