Анкета на „Europe Elects“: 45% денеска би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ четири пати помалку

0
10

Над 45% од македонските гласачи би заокружиле за ВМРО-ДПМНЕ ако денеска има избори, покажува анкета на „Europe Elects“. Испитувањето е спроведено на 1.200 испитаници во периодот од 16 до 24 септември.

Според анкетата, следуваат ДУИ и Вреди како втора и трета партија, додека СДСМ со четири пати помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ останува на четвртото место, едвај престигнувајќи ја Левица.