Македонскиот кардиолог Сашко Кедев го искачи врвот Шишапангма во Кина

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев оствари уште еден голем успех откако го искачи врвот Шишапангма во Кина. Станува збор за врв кој е висок 8.027 метри и се наоѓа во Тибет.

Организаторот на турата ги објави членовите на екипата која го искачила врвот, а помеѓу нив е и Кедев. Тимот покрај Кедев бил составен од седуммина Непалци, Американец, Јапонец и Пакистанец.

За Кедев ова е 12. врв над 8.000 метри, а годинава ги искачи Макалу, Лоце и Гашербрум 2. Како предизвик пред него остануваат само уште врвовите Кангченѕунга (8.586 метри) и Гашербрум 1 (8.068) за да ги комплетира сите врвови во светот со над 8.000 метри.

skopjeinfo.mk