(ВИДЕО) Виктор Орбан физички нападнат сред прес во Брисел- Политичар му се дереше по што обезбедувањето го собори

0
6

Членот на Демократската коалиција од Унгарија, Мартон Ѓекички денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Обран за време на прес-конференција во Европскиот парламент во Брисел, објави РЕПУБЛИКА . 

На видеото објавено од „Кориете дела сера“ се гледа како човек, кој обезбедувањето го крева од подот, му вика на премиерот.

 

Во инцидентот Орбан не е повреден, а обезбедувањето брзо го совлада Ѓекички и го фрли на подот, по што беше изнесен од собата.

За колку ја предадовте државата премиере?, вика тој додека телохранителите го вадат надвор од салата.

Орбан по инцидентот коментираше дека „унгарскиот е директен јазик и дека комуникацијата може да биде груба“, пренесува унгарски Телекс.

Кога еден политичар ќе му каже на друг дека е негативец, во нашата култура тоа значи „не се согласувам со тебе“, рече Орбан.

Како што потсетува Телекс, Ѓекички фрлал монети кон Орбан за време на инцидентот во Кеч на почетокот на септември во знак на протест.

 

извор: РЕПУБЛИКА