На денешен ден атентаторот Владо Черноземски во Марсеј од пиштол во букет го застрела југословенскиот крал Александар

На денешен ден во 1934 година атентаторот Владо Черноземски од пиштол скриен во букет пукаше и го уби во Франција југословенскиот крал Александар Први Караѓорѓевиќ.

Во соработка меѓу македонските и хрватските револуционерни организации, Владо Черноземски извршил атентат врз југословенскиот крал Александар, поради неговата хегемонистичка политика на Балканот и кон Македонија.

Во атентатот што се случи во францускиот град Марсеј, Черноземски го убил и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, а потоа жандармериските сили го убиле атентаторот.

За овој настан има испеано песна во која пораката е дека „Македонија не е јужна Србија“. Хегемонистичкиот режим на Кралството Југославија, на чие чело бил кралот Александар, Вардарска Македонија ја третирал како српска бановина, без право на национално самоопределување на Македонците и право на мајчин јазик.

 

denesen.mk