Борбата со бесправните сечи продолжува

0
22

На ден 09.10.2024 год.од страна на шумочуварската служба на подружницата Лопушник од Кичево во делот на село Лешница во Шумско стопанската единица Дреново 64 оддел, затекнато е лице како бесправно носи буково огревно дрво.По извршената контрола констатирано е дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча и истите заедно со возилото, со асистенција на службени лица од МВР Полициска станица Зајас се одземени и пренесени во склад на подружницата Лопушник од Кичево.