Човек од Флорида си ја „врзал“ целата куќа со ремени за ураганот „Милтон“ да неможе да ја уништи

Човек кој си ја врза целата своја куќа со ремени за земја, пред да удри ураганот на Флорида, стана интернет сензација благодарение на „легендарната“ идеја.

Жителот на Тампа, Мохамед Ниџем, неодамна стана вирален откако локалниот медиум „Spectrum Bay News 9“ сподели слика на „X“, за екстремните подготовки што ги презел пред ураганот Милтон.

Мохамед поставил шест огромни ремени околу својот еднокатен дом во обид да го спречи да се сруши или да го оддува ветер кога ќе започне бурата. Објавата, која беше прегледана повеќе од 1,8 милиони пати, остави многу корисници на социјалните мрежи фасцинирани.

 

 

motika.mk