Спасил лебед со скршено крило, сега се неразделни пријатели

0
41

Неочекувано пријателство во Хрватска топли срца низ светот.

Гојко Мијалица од Шибеник спаси повреден лебед и сега тие се неразделни пријатели. Лебедот го добил името „Мали“.

„Немам никаква намера да го напуштам, а верувам дека ниту тој мене“ – вели Гојко.

Пријателството започнало да се раѓа на крајот од мај, кога лебедот отишол пред неговата куќа. Имал скршено крило и рана која била инфицирана, бидејќи со месеци не била третирана.

По совет од ветеринар, Гојко одлучил да му биде ампутирано крилото на Мали, бидејќи тоа му пречело да оди и да плива.

„Мислам дека тој го разбра тоа… мислам дека се однесуваше во склад со својата ситуација. Имав чувство дека тој прифати сè што му одредив“ – рекол смирениот Хрват.

Лебедот постојано го следи Гојко и секој ден заедно одат на море каде тој обожава да плива. Откако ќе излезе од водата, заедно се враќаат дома. Лебедот сега го знае патот до дома и може да се врати сам.

„Сè ме слуша што му зборувам. Ние остануваме заедно до крај, единствено може да нè раздели некоја виша сила“ – рекол Гојко и дополнил дека се обидува да го прилагоди Мали во јато кое започнало да доаѓа на брегот.

 

 

femina.mk