Силна меѓународна критика на Израел по нападите врз мировниците на ОН во Либан

0
14

Израел по втор пат за 48 часа го нападна седиштето на мировните сили на ОН Унифил во јужен Либан. Два сини шлемови беа повредени и вчера и денеска. Тројца од нив се пренесени во болница, на четвртиот му е укажана помош во самиот штаб.

Нападите предизвикаа големи меѓународни критики. Франција, Италија и Шпанија објавија заедничко соопштение во кое го осудија израелскиот напад на Унифил. Овие земји снабдуваат војници за мировните сили во кои учествуваат повеќе од 10.000 војници од педесет земји.

Франција го повика и израелскиот амбасадор во сопствената земја. „Овие видови напади се сериозно кршење на меѓународното право и мора веднаш да престанат“, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

извор: НОС Холандија