Десет фирми и должат милиони на државата – УЈП ја објави листата на должници

0
15

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници за октомври 2024 година, која ги опфаќа долговите доспеани до 30 јуни 2024 година и неплатени до крајот на септември. На листата се вклучени 1.976 правни лица и 3.786 физички лица, со вкупен нето-долг од 11.042.537.967 денари.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, што е намалување од 45.943.439 денари во споредба со претходната листа, додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари, со намалување од 18.931.314 денари.

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете ТУКА.