Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, повторно го пречека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со песната „Осман ага“, што му ја пееше и пред неколку години. На настанот, кој привлече внимание на социјалните мрежи, Дачиќ се пошегува дека „турскиот јазик не му е совршен“ пред да се фати за микрофонот.
Ова не е првпат Дачиќ да ги користи музичките способности за да ги забави гостите, бидејќи има пеено и на други лидери кои биле во посета на Србија. Песната повторно го привлече вниманието на јавноста, потсетувајќи на претходниот музички поздрав од министерот на претседателот Ердоган.