Александар ми кажа дека Вања е киднапирана, вели нејзината мајка

0
10

Откако Вања ја немало полицијата го проверувала сутеренот на зградата каде што живееле. Ја зеле и помалата ќерка од учичиште и проверувале на и интернет дали пишува нешто за Вања, продолжи со сведочењето Зорица Ѓорчевска, на денешното судењето за двојното убиство на нејзината малолетната ќеркака и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје, објави РЕПУБЛИКА .

Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана, нема што друго да биде, се присети Зорица.

Зорица тогаш ја прашала и полицијата дали може да објави дека е киднапирана, а откако ѝ дозволиле тоа и направила.

Во петок сабајле речиси секогаш помалата ќерка одеше сама на училиште. За конкретниот ден класната на помалата ќерка беше болна и затоа немаше да има прв час, додава Ѓорчевска.

Потврди дека – тоа му го кажала и на таткото.

 

извор: РЕПУБЛИКА