Особена е честа да се присуствува на свечената заклетва на 28. класа питомци/студенти на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, која во изминатите речиси три децении, израсна во почитувана институција, призната во регионални рамки, но и пошироко.
Вие сте иднината и драгоцениот потенцијал на македонската армија.
Ве очекуваат интересни и тешки студии на една солидна академија, на чиј развој и напредок должни сме и понатаму да работиме.