Аргентински град од 5000 жители се бори со наезда на 70.000 зеленопердувести животни, во потрага по храна

0
21

Во малиот град Хиларио Аскасуби, кој се наоѓа на југот на аргентинската провинција Буенос Аирес, животот на локалните жители се претвори во вистински кошмар. Десетици илјади  папагали ја напаѓаат областа секоја година, предизвикувајќи штета од милиони долари и создавајќи неподносливи услови за живот.

Овие зеленопердувести гости го избраат градот за привремен престој, претворајќи го животот на неговите 5.000 жители во постојана борба со последиците од нивното присуство. Папагалите не само што гризаат електрични и интернет жици, оставајќи ги жителите без комуникација, туку и ги загадуваат улиците со својот измет. Постојаната бучава што ја прават птиците дење и ноќе ги лишува луѓето од мир.

Локалните власти постојано се обидуваат да го решат проблемот, користејќи звучни бомби и ласерски зраци за да ги исплашат пердувестите напаѓачи. Сепак, папагалите брзо се прилагодија на овие мерки и сега тие не носат резултати. Построги методи на контрола се забранети, бидејќи „карпестите“ папагали се заштитен вид во Аргентина.

Според извештајот на Националниот универзитет во Сур, Хиларио Аскасуби е дом на околу 70.000 папагали. Во лето мигрираат на југ, но кога ќе се вратат нивниот број само се зголемува. Некои предлагаат преселување на колонијата, но никој не знае како да го направи тоа.

Интересно, и покрај незадоволството на жителите, експертите сметаат дека папагалите не се напаѓачи, туку бегалци. Според земјоделскиот инженер Паоло Санчез Анџонов, птиците биле принудени да ги напуштат своите природни живеалишта поради уништувањето на шумите и земјоделската експанзија. Откако ги изгубиле своите вообичаени извори на храна и засолниште, тие нашле нови во градовите каде што има вода за пиење и жито.

 

motika.mk