Ели Секуловска живее на Занзибар и заработува од тргување на берза и туризам

0
42

  1. Како почнавте со онлајн тргување на берза? Дали беше тешко да се совлада и научи начинот на кој функционира во онлајн светот овој бизнис кој реално постои скоро два века, а сега премина и на дигитални платформи?

Се започна во април оваа година, непретенциозно и без никакви понатамошни намери за посериозно занимавање со онјалн тргување на берза. Практично, тој период не бев ни комплетно посветена на оваа работа, со оглед на огромниот ангажман кој го имав за Занзибар, моите туристички аранжмани, дополнително воведував нова дестинација – Кенија. Во моментот кога започнав поамбициозно да навлегувам во работата, со мене се случи чудо. Само за еден месец станав Инфлуенсер 500, а тоа значи заработувам пасивно 500$ месечно. Кога видов дека можеби и ова е новата работа која не треба воопшто да ја игнорирам, решив да се посветам и посериозно да навлезам во оваа проблематика. Моите резултати се видливи и транспарентни, може да ги видите на мојот инстаграм профил каде секојдневно ги споделувам по завршувањето со тргување. Да се научи онлајн тргувањето не бара ниту многу време, ниту претходно искуство. Единствено што ви е потребно е решителност! Намалете го времето од идеа до реализација, затоа што парите сакаат брзина, а сиромаштијата неодлучност. Како јас размислувам, ако животот ви е сведен на еден приход, тогаш многу е веројатно да сте само еден чекор од работ на сиромаштијата.

  1. Како изгледа животот во Занзибар за една Македонка која се занимава со туристички бизнис и онлајн тргување на берза?

Во однос на тоа колку заработувам, а колкав дел се моите издатоци, можам да кажам дека животот е екстра. Сакам да го побијам размислувањето дека Африка е супер евтина, воопшто не е така. Зависи каде се движите, што конзумирате, што купувате. Работота овде ја обавувам без стрес, без брзо темпо и начин на живот и сум супер продуктивна. Канцеларијата вообичаено ми е некоја плажа, бар или некој ресорт кој сакам да го истражам. Можам отворено да кажам дека најбурен период беше периодот во отворањето на мојот хотел пред три години, каде се соочив со низа предизвици. Предизвици од аспект запознавање на нов народ и култура, менталитет, начин на живот, јазик, многу од работите ги преплатив, сепак самата помисла дека си сам и си во туѓа држава е доволна, без да напоменам што сум жена и сум сеуште млада. Горда сум на себе, на мојата храброст, решителност, одлучност. Кога ќе погледнам назад, јас имам загризено големо парче од колачот наречен Живот. Јас сум млада, а толку успешна. Замислете за некоја година …

  1. Колку си задоволна од поддршката која ти ја дава платформата Eaconomy и што може да се очекува од нив?

Колку сум задоволна? 10/10. Ќе ви објаснам и зошто. Без разлика што мојот ментор е мој долгогодишен пријател, тој е посветен не само на мене, туку на целиот тим. Праткично, тој е првата личност на која се обраќам секогаш која ќе наидам на потешкотија. Почетокот беше подинамичен што е и нормално, ми изгледаше сосема ново и конфузно, но кога ќе навлезете во проблематиката ќе сфатите колку е едноставна самата платформа, па сигурна сум дека нема да чекате ни една минута туку веднаш би започнале со работа. Во однос на трошоците, плаќаме симболична членарина на самата платформа преку Visa/MasterCard, а она што би го истакнала зошто баш Eaconomy, е тоа што со креирањето на вашиот акаунт добивате виртуелни пари преку кои учите како да трејдате, а во моментот кога се чувствувате подготвени депонирате соптвени средства кои треба да бидат минимум 50$. Изговорите немам време, немам пари, се само мит. Сите ние треба да размислуваме на еден поинаков начин, овде нашите пари не ги трошиме, туку ги инвестираме и на оваа платформа работиме и заработуваме, не депонираме средства и не чекаме дека истите ќе се множат без никаква активност од наша страна. Нели е тоа логично?!

  1. Дали луѓето на Занзибар и Танзанија се интересираат за овој бизнис или повеќе интерес имаат можеби луѓето од Македонија?

Во Танзанија онлајн тргувањето станува вирално. Голем дел од населението е сиромашно, па како такво единствениот начин на заработка го гледаат преку берзата. Она што е можеби предност во Танзанија, е тоа што народот е ,,послушен”. Тие прифаќаат и следат инструкции, додека ние како народ сме ,,експерти”, секогаш се знаеме и можеме сами.

  1. Каков е животот на Занзибар? Колку години си таму и што може да понудиш на оние кои се туристички заинтересирани да го посетат овој егзотичен рај?

 

Животот на Занзибар е опуштен. Самата нивна животна филозофија е Хакуна Матата- ,,Не грижи се”. Кога би имала можност да ви доловам во каков мир и хармонија живее овој народ, не би размислиле дека следната дестинација би требало да ви е Занзибар и Танзанија. Од оваа година отворив сопствени туристички аранжмани за Занзибар, Танзанија и Кенија кои можам отворено да кажам дека се најповолни на нашиот пазар. На пример Занзибар можете да го резервирате по цена од 999€, а понудите подетално се достапни на мојата веб страна https://mamaafrica.mk/ . Кога велам најповолни мислам на ценовната разлика, но мислам и на целосниот квалиетет и услуги кои ги нудам. Неспорно е да кажеме дека не постои човек кој подобро го познава местото од оној кој веќе живее 3 години таму, зарем не? Многу често ме контактираат и велат ,,Прочитав за вас …” или ,,Се јавувам по препорака …”, најверојатно луѓето ги споделуваат убавите искуства, а гледам дека веќе ги има многу. Уживам во оваа работа, таа е моето хоби. Кул е кога си амбасадор на одредено место и апсолутно го пренесувам во онаква енергија каква што јас и ја доживувам. Практично, не сум личност која е изложена по медиуми иако имав можност за две лајв интервјуа од нашите телевизии, практикувам животот особено приватниот, да ми е ,,low key”. Не сакам јас да зборувам, ќе зборуваат резултатите. Ве охрабрувам да го посетите овој дел од светот, да се уверите дека секој ден е нов ден независен од претходниот, дека секој ден е еден помалку, а не повеќе.