Новата работна седмица ни носи студени утра со појава на магла, преку ден сончево!

0
18

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса, во новата работна седмица времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивно и со многу постудени утра, во кои по котлините  и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла  и на ниска облачност.

Во Скопје и околината, исто така во новата работна седмица времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, а ќе биде  и претежно тивко. Наутро ќе има услови за појава на магла  и на ниска облачност.

Утринските температури ќе бидат особено ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 7 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

НАПОМЕНА: Поради ниските температури наутро, кои на повеќе места ќе се спуштаат близу 0 степени, понекаде  и под нулата, ќе се зодаваат услови за појава на магла  и на послаб мраз. Па така, во утринските часови доколку излегувате задолжително со себе да си понесете  и потопла облека, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk