Подготовки за Ноќта на вештерките во Њујорк

0
8

Дописникот на Агенција Анадолу во американскиот град Њујорк ги сними украсените домови по повод Halloween – Ноќта на вештерките, известува Анадолу.

Куќата „Вајтстоун“, осветлена и украсена пред празникот Ноќта на вештерките во Њујорк, привлекува големо внимание кај минувачите.

Самата куќа, дворот и верандата се украсена по повод Ноќта на вештерките со скелети, духови, чудовишта и разни украси, очекувајќи ги посетителите.

Секоја година на 31. октомври Ноќта на вештерките се слави во САД, Ирска, Канада, Порторико, Австралија, Нов Зеланд и други земји.

За време на Ноќта на вештерките луѓето облечени во најразлични костими шетаат низ улиците.

извор: Анадолија