Пороен дожд предизвика поплави во Италија

0
6

Додека силните бури и врнежи од дожд во Италија предизвикаа поплави и излевања на реките во многу населени места низ земјата, едно лице е пријавено за починато откако неговиот автомобил го однела водата во близина на Болоња, известува Анадолу.

Локалните медиуми објавија дека целата земја е поплавена поради преголемите врнежи.

Се излеала реката Равоне кај Болоња во централниот дел на земјата од поројните врнежи, поплавувајќи голем број улици.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од поплавените улици и авении на Болоња.

Во несреќите предизвикани од поплавите животот го загуби 20-годишно момче. Надојдената вода во Пјанор, во близина на Болоња, синоќа го однела неговиот автомобил.

Околу илјада луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради поплавите во регионот Емилија-Ромања, каде што се наоѓа градот Болоња.

Од друга страна, реката По го достигнала нивото на излевање во некои места во Торино и Пјаченца.

Поројните врнежи ја зафатија и Катанија, на островот Сицилија, на југот на земјата.

Обилните дождови ги поплавија пистата и дел од платформата на аеродромот во Палермо. Синоќа аеродромот беше затворен за авиосообраќај, а ова утро повторно беше отворен.

извор: Анадолија